Четири повредени лица во четири сообраќајни незгоди низ Македонија

Четири лица се повредени и пренесени во болницата во Скопје и во Битола во одделни четири сообраќајни незгоди кои во текот на вчерашниот ден се случиле низ Македонија.

На 18.11.2018 година во 07.40 часот на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(28) од село Сингелиќ, скопско и патничко возило „Хонда сивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(35) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Ј..  Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје и по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување.

На 18.11.2018 година во 07.00 часот на локалниот пат село Кадино-село Миладиновци, скопско, патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(47) од Скопје излетало од коловозот и се превртело. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Т.Т. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На 18.11.2018 година во 09.05 часот на патот село Тополчани-село Клепач, прилепско, Љ.Л.(60) од село Злести, општина Дебарца, управувајќи патничко возило „Цитроен Ц3“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката З.Л.(55) од Охрид. Таа била пренесена во Градска болница Битола каде и била укажана лекарска помош.

На 18.11.2018 година во 13.45 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во село Псача на место викано „Бунар“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Пасат“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(48) од Скопје и патничко возило „Мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од Република Албанија. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил П.Н., кој бил пренесен во  комплексот клиники „Мајка Тереза“ -Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полицската станица Крива Паланка. Поради оваа собраќајна несреќа, сообраќајот на тој патен правец бил во прекин.