Бузаку: Не се знае крајот на парите кои влегле во ИВЗ од обврзници

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Скендер Бузаку во „Click Plus“ на ТВ21 истакнува дека книгата која е преполна со криминали ќе биде издадена, а истата е депонирана и во Јавното Обвинителство за гонење на криминал.

Тој додава дека во книгата има злоупотреба на Фитрот, зекатот, аџилакот, како и во докази кои ги имаат од внатрешноста на ИВЗ, а во кои има и основни сомневања дека Сулејман Реџепи извршил неколку кривични дела заедно со другите.

„Свесен сум дека сносам одговорност. Во Јавното Обвинителство се поднесени сите докази и ги повикувам надлежните органи да реагираат бидејќи се работи за злоупотреби на зекатот, на фитрот, на аџилакот, на обврзниците на ИВЗ и за нив не се знае каде завршиле. Обврзниците кои влегле во ИВЗ според уставот и сите нормативни акти, со тие пари се создава вакуф и тие пари не се трошат за други нешта. Еве тука ни се појавува, еве видете милион евра од обврзници кои влегле во ИВЗ не им се знае крајот“, посочува Бузаку.