Булеварот „Благоја Тоска“ заборавен, граѓаните на Тетово изгубиле надеж дека проектот ќе се реализира

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Отворањето на булеварот „Благоја Тоска„ во Тетово се уште е само ветување на хартија за граѓаните. Овој дел од улицата со кој се предвидуваше да се избегне хаосот и гужвата во сообраќај, нешто што беше ветено неколку пати од градоначалничката, Теута Арифи, засега овој простор се користи само како паркинг од граѓаните кои доаѓаат во тетовската болница.

„Булеварот Благоја Тоска и понатаму останува само ветување за граѓаните на Тетово. Ова место е претворено во  паркинг за граѓаните кои ја посетуваат тетовската болница. Неколку дена по ред од општина Тетово, односно од Секторот за сообраќај и градежно земјиште, не одговараат на прашањето до каде стигнал проектот.“, јавува репортерот на ТВ21.

Граѓаните кои ги сретнавме како поминуваат во овој дел на  мостот, велат дека се скептични дека ќе се отвори наскоро.

Во 2014 година, Теута Арифи изјави дека е избрана компанијата за реализација на градежните активности, но според неа, во тоа време проблемот бил имотно-правен. Сега општината Тетово го реши ова прашање, но проблемот останува експропријација на куќите што треба да се урнат. Веќе неколку дена бараме одговор од општина Тетово за ова прашање, но досега не добивме никаков одговор за тоа до каде стигнале работите за овој булевар.