Бугарија, таа „втора Грција“ – пречки за евро интеграциите сега стануваат јазикот и историјата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

“Никогаш Северна, само Македонија“

Овие викотници на “Комити„ и “Војводи“ не ја оставија вицепремиерот, Радмила Шекеринска, да зборува пред камерите по полагањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во Скопје.

Но истото не се случи додека зборуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицоски.

Сега откако Северна Македонија го реши прашањето со името со Грција, изгледа на евро интеграцискиот пат се појави нова пречка. Бугарија почна да го крева гласот за македонската историја и јазик.
Бугарскиот евро пратеник, Андреј Ковачев, во интервју за БГНЕС, зборувајќи за Гоце Делчев, рече дека овој лик не треба да ги раздели Македонија и Бугарија, туку да ги обедини, но за жал, како што рече, „толкувањето на новата реалност е основ на фалсификувана историја“.

„Како што рече (бугарскиот) премиер Бојко Борисов – топката е во нивно поле. Жал ми е што нашите соседи се прават дека не го слушаат и не го почитуваат договорот што го склучивме“, рече Ковачев.

Ковачев исто така вели дека Комисијата за историја меѓу двете држави не продолжува со работа и доколку продолжи и понатаму фалсификувањето на историјата, ќе биде одложена меѓувладината конференција за започнување на преговорите за членство на Северна Македонија и ЕУ,се додека да не се најде заеднички договор.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека доколку се реализираа сите задачи за потребните реформи, можеби ЕУ немаше да се занимава со вакви работи.

Откако положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев, Мицкоски рече дека овој лик е столбот на модерна Македонија и не треба да биде предмет на преговори. Ова прашање е заедничка точка меѓу двете противнички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, откако денеска и пратеничката на социјалдемократите, Фросина Ременски, изјави дека Гоце Делчев не може да биде предмет на политички договор.

Иако многумина се надеваа дека овие прашања нема повторно да се актуализираат пред изборите во Македонија, сепак тие излегоа на површина.

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во една телевизиска емисија, рече дека македонскиот јазик е заснован на западно-бугарскиот дијалект со некои измени. Според Захариева, би било во интерес на Македонија да ја прифати историја, исто како што Бугарија треба да ја прифати македонската реалност. Таа тврдеше дека Бугарија нема да дозволи нејзината надворешна политика да се користи сега пред изборите во Македонија, но нема да ги промени ниту своите услови.

Во врска со оваа тема, Претседателот, Стево Пендаровски пред неколку дена рече дека на земјата не и треба ЕУ, ако цената за влез во Унијата е да се каже дека не сме Македонци и да кажеме дека јазикот е различен.