Бројот на активни случаи од ковид-19 намален под 3.000 – пристапот на широко тестирање дава резултати

НАШ ПРЕДЛОГ

Платформата за онлајн настава повторно „Error“ – учениците без компјутерска опрема!

Два дена пред почетокот на учебната година, наставничка прави проби со своите ученици како да се вклучат...

7-ма седница на Владата – ова се новите одлуки

Владата на Република Северна Македонија на својата редовна 7 седница, го разгледа и усвои Записникот од Четвртиот...

Жерновски: По 7,5 години од бруталните инциденти и 3,5 години поминати во судски процеси, правдата ја победи неправдата

Поранешниот градоначалник на Центар Андреј Жерновски на својот Фејсбук профил посочува дека по 7,5 години од бруталните...
-Реклама-

Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи – 2950. После подолг период бројот на активни случаи е под 3.000. Последен пат под 3.000 активни случаи се регистрирани на 23 јуни оваа година. Поголемиот број на оздравени лица во споредба со новозаболените придонесува за намалување на бројот на активни случаи во континуитет во последниот период.

Истовремено, денес се регистрира и рекорден број на направени тестови на дневно ниво – 2172, со што вкупната бројка на тестови во нашата земја достигна 123122. Министерството за здравство информира дека со зголемување на капациетети за дијагностика и зголемувањето на бројот на тестови, со пристапот на широко тестирање, целта е  рано откривање и следење на што е можно поголем број на случаи, вклучувајќи ги и асимптоматските носители на Ковид-19.

- Реклама -

Од Министерството за здравство информираат дека мерките за заштита од ковид-19 даваат резултати секаде каде што се почитуваат. Граѓаните  се повеќе се придржуваат до препораките на здравствените власти за спречување на ширење на коронавирусот, а пристапот на широко тестирање дава резултати во откривањето на асимптоматските случаи.
Уште еднаш апелираме до граѓаните, без исклучок да продолжат да се придржуваат до трите правила – носење заштитна маска, одржување на физичка дистанца и често миење на рацете. Само заеднички можеме да се избориме со ковид-19. Да бидеме одговорни за нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски.

7-ма седница на Владата – ова се новите одлуки

Владата на Република Северна Македонија на својата редовна 7 седница, го разгледа и усвои Записникот од Четвртиот состанок на Главниот координативен кризен...

Во светот починаа над еден милион луѓе од последиците на Ковид-19

Бројот на починати во светот од новиот коронавирус денеска надмина еден милион лица, пробивајќи ја новата психолошка граница во пандемијата што ја...

Добрила Кацарска предложена за уставен судија

Судскиот совет на денешната седница едногласно ја предложи судијката Добрила Кацарска за нов судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија,  потврдија...

Регистрирани 539 прекршоци за неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие (28/29.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење личназаштита на лице...

Министерство за одбрана: Полесно повредени војници во претвртениот автобус кај Штип

Војници утринава се полесно повредени во сообраќајна незгода во која странично се преврте автобус на магистралниот пат Струмица-Штип. Како што информираат од...