Бројката на заразени со Ковид-19 во Македонија надмина 8 илјади лица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во новите 991 тестирања, регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19. Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца пациенти од Струга и еден од Гостивар.

Институтот за јавно здравје во недела регистрираше 123 оздравени лица. Најмногу новозаразени има во Скопје, 46, следува Штип со 14, па Гостивар со 13, Тетово 12, Струга 9, Дебар 7, Куманово 6, Свети Николе 5, Кичево и Ресен по 4, три нови случаи има во Радовиш, по два во Струмица, Охрид, Крушево, Демир Хисар, а по еден нов случај е регистриран во Велес, Прилеп, Кочани, Пробиштип и Кратово.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8111, бројката на оздравени пациенти е 4203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3526.