Брод испушта тони гориво во кристално бистрата вода – прогласена вонредна состојба

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Островската држава Маурициус прогласила „вонредна состојба во округот“ откако насукан брод „М В Вукашио“ во близина на пристаништето започнал да испушта нафта во океанот.

Бродот на 25 јули се насукал на коралниот гребен каде бил заробен покрај островот кој излегува на Индискиот океан и неговата посада била евакуирана.

Големиот танкер започнал да испушта тони гориво во околните води. Франција ветила поддршка, а сопственикот на бродот рекол дека се работи на санација.

Премиерот на Маурициус, Правинд Џугнаут погласи вонредна состојба во петокот.

Тој истакнал дека нацијата нема „вештини и стручност за повторно поставување на насукани бродови“, а апелирал повторно за помош од Франција.

Бродот, кој е во сопственост на јапонска компанија, но регистриран во Панама, бил празен кога застанал на местото, а во него имало околу 4.000 тони гориво.