Боки 13: Владата на Заев стоеше зад проектите – Ременски: Дали политичарите треба да одговараат за неисполнети ветувања?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

За уште најмалку 15 други проекти на ист начин сум дала поддршка и тоа сама ќе го пријавам ако поддршката за некого е кривично дело, рече во своите воведни зборови Фросина Ременски.

Според обвинителството, Ременски присуствувала на состаноците за проект изградба на Европски центар за возрасни лица и со тоа ги довела во заблуда бизнисмените кои уплатиле речиси 1 милион, а требало уште толку до почетокот на изградбата.

„Самата квалификација што јавното обвинителство ја дало на дел од сведоците , зборува за непрепознавање на вистинските елементи на кривичното дело помагање, наспроти немањето опис на помагањето кое мене ми се става на товар.“, рече Ременски.

Првообвинетиот пак, Бојан Јовановски рече дека истите овие проекти биле нудени и во Владата на Никола Груевски, но тогаш не биле реализирани. Пензионерката Тодоровиќ пак била по препорака на вице-премиерката Мила Царовска.

„Во доказната постапка ќе слушнете како Мила Царовска, пензионерката со проектот ја упатува кон мене. А бизнисменот Ардијан Амзовски, доколку не го видеше Александар Кирацовски, немаше да го прифати проектот“, изјави Јовановски.

Актуелната вице-премиерка Мила Цароска ги демантира како што вели таа дрските лаги и конструкции изнесени од Бојан Јовановски, а најавува и тужба за клевета.

„Госпоѓата што ја споменува Јовановски во неговата изјава ниту некогаш сум соработувала, ниту лично ја познавам. Изјавата на Јовановски е целосна невистина и е директен напад на мојот углед и достоинство за што ќе ги преземам сите правни мерки.“, рече Царовска.

Воведни зборови даде и Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, која како заменик претседателка на Меѓународниот сојуз е обвинета за помагање во делата измама и перење пари.

„Кои се моите дејствија кои се квалификувани како криминал и кои мои активности довеле до измамата? Ниту едно мое постапување, ниту една моја активност нема врска со квалификациите“, изјави Ерцеговиќ-Мандиќ.

Таа рече дека е емотивно врзана за овој проект, па сподели и детали дека во Европските центари за возрасни фирмите Пелистер и Дрим Билдинг требало да вработат минимум 20 лица со попреченост, а дел од капацитетите да им ги отстапат на општините.

Поради судската ферија, судењето за овој предмет ќе продолжи по речиси еден месец на 26-ти август. Судијката Софче Гаврилова-Ефремова најави дека ќе ги повикаат бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски како оштетени да кажат дали имаат имотно-правни побарување. Тие понатаму ќе се сослушаат и како сведоци во случајот.