Боинг ќе отпушти 12.000 работници во САД

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Американската компанија Боинг планира следните недели да подели откази на околу 12.000 вработени во САД.

Компанијата соопшти дека во текот на неделата ќе отпушти 6.670 работници, додека 5.520 вработени се согласиле на договорен прекин на работниот однос.

Боинг најави и дека ќе го намали бројот на вработени во своите фабрики во светот за околу 10 проценти односно дека отказ ќе добијат речиси 16.000 работници.

Компанијата западна во криза по две фатални несреќи на авионот Боинг 737 Макс.