Богдановиќ: „Песната се пее по кафеани и ресторани, не сум навредил никого и не сум прекршил протоколи“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ со песната која ја пееше за време на неговата свадба во Грачаница Косово, не смета дека навредил или омаложувал некого. Иако соддржината на песната Република Косово ја нарекува „Космет“, кратенка од името Косово и Метохија која ја користи Србија, а дури и пееше за српските херои кои се бореле во средниот век, сепак смета песната не е навредувачка за никого.

„Таа не е песна која што некого навредува или пак некој се омаловажува или било што. Песната е посветена на цркви и манастири не гледам како тоа може некого да навреди. Тие песни се пеат во секоја кафана и ресторани и во Скопје, во Македонија и пошироко“, вели Богдановиќ.

Инаку пред два дена имаше реакција и од амбасадорот на Косово во Скопје, Ѓерѓ Дедај. Тој за ТВ21 рече дека однесувањето на градоначалникот на Центар на приватна церемонија во Грачаница, е неприфатливо,  провокативното, кое можеби е последица на дејството на алкохол.

-И Богдановиќ како и целиот свет, знае дека Косово не е и никогаш нема да биде дел од Србија. Република Косово е слободна, демократска, европска, слободна и независна земја, која се стреми кон евроатланските интеграции и добрососедство со сите земји од регионот, вклучувајќи ја и Србија. Соништата на Богдановиќ и српските екстремисти како него, се фрлени во канта за отпад и му припаѓаат на мрачното минато на Милошевиќ-рече Дедај.

Богдановиќ доаѓа од редовите на СДСМ. Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев се оградува од него, осудувајќи секаков вид провокација или порака за иредентизам кој би повредил нечии чувства.

Го прашавме Богдановиќ зошто како градоначалник кој носи јавна функцијаво за време на пандемија направил свадба.

„Ги почитуваме сите мерки како што се пропишани во нашата земја се придржувавме до нив и како што гледате сите сме во ред“, изјави Богдановиќ.

Тврди дека само за фотографирање ја прекршиле мерката за држење дистанца.

„Имаше само едно слика каде што самите гости сакаа заедничка слика. Инаку во самата црква во самиот манастир и двор се држеа дистанци“, вели Богдановиќ.

За ова реагираше и министерот за здравство Венко Филипче  каде посочи дека политичарите секогаш треба да бидат пример за граѓаните кога станува збор за почитување на мерките, а не сред пандемија да прават свадби.