Бочварски ја предаде функцијата на заменик градоначалникот Јане Миланов

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Новиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска  ја предаде функцијата градоначалник на Општина Штип на досегашниот претседател на Совет на Општина Штип, Јане Миланов. Миланов е назначен за заменик градоначалник, а постпката за избор на вд градоначалник е почната.

Бочварски кој заминува на новата функција се заблагодари на граѓаните, вработените во јавната адмистрација, раководителите, директорите и новинарите за соработката и поддршката која постојано во изминатите три години ја добиваше.

–Ми беше чест да бидам прв човек на мојот роден град. Благодарам на сите мои соработници, на сите кои дадовте се од себе за градот и граѓаните. Поставивме нови стандарди на водење на институцијата, работевме напорно на изработка на големи проекти кои го придвижија градот напред, вели Бочварски.

Заменик градоначалникот Јане Миланов истакна благодарност за доверената функција и како досегашен претседател на Совет на Општина Штип ја потврди успешната соработка со Благој Бочварски, а најави дека ќе ги реализира сите започнати проекти.

–Имавме динамична соработка со досегашниот градоначалник Бочварски, која носеше многу проекти. Со истото темпо и со поддршката од граѓаните ќе продолжам да придонесувам за доброто на Штип и штипјани, рече Миланов.

Тој истакна дека во изминатиот период локалната самоуправа предводена од Благој Бочварски придонесе за започнување на неколку капитални проекти како,нова детска градинка во населба Сењак, мост на река Брегалница заедно со нова обиколница, два кружни тека за поголема безбедност на граѓаните, за прв пат водовод во населба Балканска, две паркинг платформи, нов пат до село Почивало и нови улици во населба Караорман, над 50 улици во градот со околу 18 километри должина, над 14 илјади метри квадратни површина за пешаци, на 12 километри водоводи и канализации, се гради затворен базен, се гради Аква парк како приватна инвестиција и инвестиција на Општина Штип за улици, водоводи и канализации, наскоро ќе се започне со реализација на деценискиот сон на штипјани, а тоа е  брана на река Отиња и нов модерен Градски стадион.