„БМВ“ повлекува 1,6 милиони возила поради опасност од пожар

БМВ во вторникот изјави дека во некои дизел возила течноста за ладење може да истече од модулот за рециркулација на издувните гасови. Протекувањето може да доведе до фрлање искри во текот на возењето, а во „екстремни случаи” и да предизвика пожар.

Компанијата со седиште во Минхен претходно повлече околу 480.000 возила во Азија и во Европа идејќи во Јужна Кореја биле пријавени пожари, а засега немало повредени. Се повлекуваат возилата со четирицилиндрични и шестцилиндрични мотори, произведени помеѓу 2010 и 2017 година, прецизираа од БМВ.

Околу 54.700 возила се повлечени во САД и Канада.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!