Блокираните во Италија се враќаат дома – Османи за ТВ21: „Првата група ќе дојде со автобус и ќе биде во карантин“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Проблемот со враќањето на нашите државјани кои се блокирани во Италија, добива одреден правец. Вицепремиерот Бујар Османи за ТВ21 открива дека веќе ја примил листата со околу 350 имиња на лица, која ја претставил на владина седница и донесени се неколку заклучоци. Првите кои ќе се вратат се тие кои прифатиле да дојдат со автобус и да бидат во државен карантин во хотел.

ТВ21: Која ќе биде првата група која ќе биде селектирана и колкава може да биде на број?

Бујар Османи: „Првата група на тие што прифатија да дојдат со автобус и да бидат во државен каранатин е околу 68, ако денеска евентуално се зголеми листата, ќе оцениме, нив можеме да ги организираме ние. Веќе МНР презема одговорност од штабот за организирање автобус за да ги донесе тука“.

Автобусите ќе ги организира и плати Владата, вели Османи. Освен оваа група што ги прифатила условите, тој вели дека има и две други категории. Една е граѓани кои сакаат да дојдат со приватни возила и други кои бараат домашен карантин бидејќи се со деца под 5 годишна возраст.

„За тие што имаат мали деца, Комисијата за заразни болести треба да ни објасни една варијанта за евентуално тестирање кога ќе дојдат а потоа да одат во домашна изолација. Ова го чекаме од нив да видиме дали можеме да направиме така. А тие што се со приватни возила ќе чекаме уште малку да видиме како можеме да помине овој конвој преку Србија и други земји  бидејќи има ограничувања и не зависи од нас туку од другите држави“, додава Османи.

Конкретен датум за поаѓање на првиот конвој сè уште не се знае. ТВ21 пред два дена информираше за големиот број државјани кои се блокирани во Италија, кои поради коронавирусот се во тешка финансиска состојба, блокирани кај нивни роднини и пријатели, некои дури и со здравствени проблеми, не можејќи веќе да останат таму. Тие раскажаа дека се оставени на судбината бидејќи не добивале никаков одговор од дипломатските претставништва на Македонија во Италија и од МНР.

Блокираните во Италија се враќаат дома – Османи за ТВ21: „Првата група ќе дојде со автобус и ќе биде во карантин“

Блокираните во Италија се враќаат дома – Османи за ТВ21: „Првата група ќе дојде со автобус и ќе биде во карантин“

Gepostet von TV21 am Montag, 18. Mai 2020