НАЈНОВА ВЕСТ

101 новозаразени, 4 лица починаа од коронавирус – биланс за последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7,...

Блокирани во САД, не успеаја да се вратат – сведоштво на армиски наредник кој „заглави“ во Њујорк со неговото 3-годишно синче

НАШ ПРЕДЛОГ

Рот: Се надеваме првата Меѓувладина конференција со Скопје и Тирана да се одржи наесен

Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот изјави дека неговата земја се надева оти првата Меѓувладина конференција...

Вкупно 11.904 лица од март до мај останале без работа

 Во периодот од 11 март до 31 мај годинава 11.904 лица се стекнале со статус на невработени...

Без стипендии во време на пандемија – студентите го обвинуваат министерството дека ги изгубило документите

И покрај тоа што нивните семејства се во економска криза поради пандемијата на Ковид-19, некои студенти останаа...

Во јануари Нурхан Исмани Сејдини, постар наредник во Армијата, заедно со неговото 3 годишно синче отишол на посета кај семејството во Њујорк. Поради влошувањето на кризата со коронавирусот „заглавил“ таму.

-Од Амбасадата само ни рекоа чекајте, чекајте и на 1 април од Конзулатот на Македонија тука во Њујорк ми стигна емаил дека Македонија сега за сега не планира да организира нешто и дека ќе не информираат доколку се организира.-рече Сејдини.

- Реклама -

Македонија не успеа да ги врати во татковината нејзините државјани од САД. Како опција им е понуден лет до Софија, што го сведочи и овој емаил од дипломатското претставништво. Истото за ТВ21 го тврди и МНР.

„Прекуокеански летови не беа предвидени со оглед на бројот на барања и можностите за нивно реализирање, од технички и финансиски аспект. На македонските државјани затекнати во САД и во многу други прекуокеански земји им беше пружена помош од Министерството за надворешни работи во соработка со други земји и нивните министерства за надворешни работи, преку насочување или обезбедување дозволи за нивно враќање дома преку аеродромите во Софија, Солун, Истанбул и Тирана.“, велат од МНР.

„Срамота е да излезе политичар и да каже аеродромот во Софија, а имаме наш аеродром. Како може да побара нашата држава да талкаме низ аеродромите по светот кога во Македонија имаме аеродром. Каква грижа покажува Северна Македонија за граѓаните кои останаа блокирани?“, изјави Сејдини.

Од комуникациите со Амбасадата, вели дека дознал дека над 100 државјани се блокирани во САД, но потоа вели дека му кажале дека бројот е околу 30, бидејќи повеќето се повлекле кога дознале дека ќе треба да одат во државен карантин. Наредникот Сејдини вели дека го ризикува и работното место доколку не се врати на работа до крајот на следниот месец.

-За ова чекам од Владата на Македонија одговор за аеродромите дали ќе се отворат или не, и за колку време ќе се отворат? Ако не се отворат јас ќе морам да го земам мојот Арбен и да тргнеме од Софија за да не си отворам утре работа по судови, да го барам моето право доколку ја изгубам работата.-рече Сејдини.

Всушност отворањето на аеродромите во земјава се уште е под знак прашање. Тие се затворени од средината на март поради кризата со коронавирусот. Пред неколку дена министерот за здравство, Венко Филипче рече дека ќе биде многу тешко да се врати авио превозот таков каков што беше, и за кратко време да имаме пристап до аеродромите. Најверојатно безбедносните процедури ќе потраат подолго време.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вкупно 11.904 лица од март до мај останале без работа

 Во периодот од 11 март до 31 мај годинава 11.904 лица се стекнале со статус на невработени лица, за кои претходно имало...

Без стипендии во време на пандемија – студентите го обвинуваат министерството дека ги изгубило документите

И покрај тоа што нивните семејства се во економска криза поради пандемијата на Ковид-19, некои студенти останаа без стипендии. Некои од нив...

Скрининг на 60 полицајци од меѓународниот контингент во Гевгелија

Откако еден полицаец од унгарскиот контингент, кој беше дел од граничната полиција на нашата јужна граница, добил позитивен резултат на Ковид-19 кога...

Интензивно се гради браната „Конско“, досега 60 отсто од изградбата е завршена

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, беа на локацијата кадешто во...