Блерим Река од Битола: „Ќе го спречам егзодусот на граѓаните“

Претседателскиот кандидат Блерим Река, поддржан од Алијанса за Албанците и Движење Беса, во текот а денешната посета беше во Битола каде се сртена со обичните граѓани. Тој рече дека со граѓаните разговарал за нивните големи грижи како што е иселувањето на младите. Инаку, Блерим Река беше во општина Желино каде ја претстави својата програма и визија за водење на државата во следните 5 години.