Битолчани на протест пред општинската зграда, бараат чист воздух и субвенцонирана струја

Половина час пред завршувањето на работното време, се заклучи вратата на Општина Битола.

Како што дознаваме, сите вработени општинската зграда ја напуштиле порано поради најавениот протест.

Ниските температури не ги предомислија Битолчани да излезат и да протестираат поради енормното загадување на воздухот.

„Денешниот протест има една цел да го искажеме нашиот револт на она што и се случува на Битола. Податоците велат дека во Битола бројот на заболени од белодробен карцином во моментов е два и пол пати поголем од централното ниво. Исто така и бројот на заболени деца од малигни неоплазми е загрижувачки додека концентрацијата на ПМ10 честичките континуирано секој ден во Битола е над дозволеното ниво“, вели Габриела Илиевска – советник од „Поинаку“.

Демонстрантите побараа Владата позитивно да одговори на барањето за субвенционирана струја.

„Како граѓански активист поучен од претходната власт мислев дека со промената на власта, битолчани нема да имаат потреба своите барања повеќе да ги бараат. Битола сака да диши, Битола мора да диши“ Време е Битола да престани да биде колатерална штета за цела Македонија. Нашето барање за субвенционирана струја е само прв и мал чекор од она што Битола треба реално да го добие“, додава Иван Чулакоски.

Поддршка за Битола пристигна и од Скопје.

„Скопје се солидаризира со Битола. Бидејќи го делиме истиот проблем. Можам да кажам дека ќе го поддржуваме сите граѓански иницијативни на поединци и здруженија кои се борат за чист воздух и здрава животна средина. Особено кога фокусот им е децата. Тука сме за да го кренеме гласот и да кажеме дека не може веќе вака понатаму“, вели Драги Змијанац.

Мерните станици Битола 1 и 2, лоцирани во градското јадро и индустриската зона во Битола секој ден покажуваат високо присуство на ПМ10 и ПМ 2,5 честички во воздухот. Најалармантно беше во вторникот кога мерната станица Битола 1 измери 441 микрограм на метар кубен.

Ова е прв протест во Битола против аерозагадувањето по промената на локалната власт, а претходно во Скопје,Теотов и Куманово беа организирани слични протести.

Инаку, колку за илустрација што европските земји превземаат за заштита на животната средина доволно говори информацијата дека Луксембург иако е земја со ниска загаденост од следата година воведува бесплатен јавен превоз. Берлин минатата година, иако мерните станици покажуваа  70 микрограми ПМ10 честички, го забрани користењето на дизел возила.

РЕПОРТЕР: ЈОВИЦА ПАУНОСКИ

Кој министер ви остави најдобар впечаток во 2018 година?

View Results

Loading ... Loading ...