Бирократијата за претпријатијата намалена, државата добро котира по индексот на бирократија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Финансиите не се главниот проблем за фирмите во услови на КОВИД. Сега е моментот кога на Компаниите треба  да им се намали проблемот со бирократските процедури укажуваат аналитичарите.

„Сега сакаме тие шест месечни проверки  да се намали потребата на вработените и на граѓаните да одат  да проверуваат дали се точни податоците Бидејќи ние знаеме дека се случува да фалат години и години стаж во евиденцијата.“, вели аналитичарот Сашо Клековски.

На денот за борба против бирократијата , податоците  укажуваат дека државата котира добро споредбено со  индексот на бирократија во однос на другите земји во Европа.  Но како ќе се забрзува процесот на Асоцијација кон ЕУ, Владата предупредуваат од секторот треба се повеќе да се фокусира на намалување на бирократскиот товар врз компаниите

„Македонија е лидер во овој поглед.  Во иднина со процесот на асоцијација кон ЕУ  треба да очекуваме зголемување на товарот кон компаниите и владините мерки и политики треба да бидат многу внимателни. Тоа значи дека за компаниите ќе произлезат нови процедури и нови обврски кои тие треба да ги исполнат.“, рече Никица Мојсовска – Блажевски, извршен директор на Македонија 2025.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи  се заложи за намалување на бирократскиот товар врз компаниите  во неговиот четиригодишен мандат. Бирократијата е основа за корупција наведе вицепремиерот.

„Би сакале после овој чекор да преминеме кон креирање на подобри услови за елиминирање на сите предолги или непотребни бирократски процеси кои постојат во државата за да се зголеми транспарентноста и отчетноста на административните службеници, бидејќи тие се во услуга на граѓаните и на бизнис заедницата и секако да ја зголемиме нивната ефикасност и продуктивност“, вели Битиќи.

Еден од клучните приоритети на кои Владата ќе работи во следниот четири годишен мандат како што потенцираше Битиќи ќе биде дигитализацијата. На меѓународниот ден за борба против бирократијата  за прв пат јавно беше преставена методологијата за пресметка на индексот на бирократија во земјава.