Би-Би-Си: Борис Џонсон добил кислород, но не е на респиратор

НАШ ПРЕДЛОГ

Спасовски: Угостителите и граѓанте не ги почитуваат протоколите, не е исклучено враќање на рестриктивните мерки

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека е можно враќање на рестриктивните мерки...

„Идиотски и како мали Ѓокица да ги пишувал“ – Фрчкоски и Тортевски за протоколот за угостителите

Сите гледаме како на една маса во кафуле не седат само по двајца пријатели, туку по повеќе...

Семејство на починат кој бил заразен со КОВИД-19 одбива комуникација со епидемиолозите

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека епидемиолозите имаат проблеми во добивање информации од семејството на починат...

Нема промени во здравствената состојба на британскиот премиер Борис Џонсон, изјавија двајца извори, блиски до шефот на британската Влада, откако синоќа тој беше преместен на Одделот за интензивна нега во болницата „Свети Томас“ по влошувањето на симптомите од коронавирусот.

„Даунингстрит“ 10 информира дека Џонсон добил кислород, а бил хоспитализиран како мерка на претпазливост по влошувањето на неговата здравствена состојба, јави Би Би Си.

Но, според „Гардијан“ текот на настаните бил „чуден“, па дури и прашува дали се забошотувала вистината откако „Даунинг стрит“ упорно негираше дека е влошена состојбата на прмеиерот.

Весникот посочува, дека според неговите соработници, на Џонсон му се влошила состојбата уште во четвртокот изутрина, кога неименуван извор рекол дека за премиерот е подготвен кревет во „Свети Томас“. Дел од членовите на Конзервативната партија уште тогаш чуле гласини дека Џонсон е хоспитализиран. Но, на прашањето од Гардијан, соработниците на Џонсон негирале дека му е влошено здравјето. Но, британскиот весник посочува дека откако синоќа Џонсон бил преместен на Интензивна нега, негирањата се ставени под знак прашалник.

Џонсон (55) една седмица откако се утврди дека е позитивен на коронавирус мина во изолација во станот во Даунинг стрит, додека неговата бремена свршеничка Кери Сајмондс, која исто не се чувствувала добро, била се повеќе загрижена за него. Од друга страна, Џонсон се обидувал по пат на видео врски и електронски пораки да раководи со ситуацијата, но постојано кашлал и состојбата не му се подобрувала.

Во четврток навече, Даунинг стрит соопшти дека Џонсон в петок нема да се врати на работа, како што се очекуваше, доколку и натаму има зголемена телесна температура.

  • Tags
  • 1
- Advertisement -
- Advertisement -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Идиотски и како мали Ѓокица да ги пишувал“ – Фрчкоски и Тортевски за протоколот за угостителите

Сите гледаме како на една маса во кафуле не седат само по двајца пријатели, туку по повеќе луѓе кои не се од...

Семејство на починат кој бил заразен со КОВИД-19 одбива комуникација со епидемиолозите

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека епидемиолозите имаат проблеми во добивање информации од семејството на починат за кој бил земен постмртен...

Пазарните инспектори бркани од локалите – од денеска ќе се изрекуваат и казни

Жива музика, играње на маса, гушкање. Ова, меѓу другото, го затекнале пазарните инспектори синоќа, додека вршеле контроли во угостителските објекти кои од...

Уапсена екс градоначалничка на Книн, Јосипа Римац

Хрватската полиција денеска ја уапси поранешната градоначалничка на Книн, Јосипа Римац од Хрватската демократска заедница (ХДЗ), поради малверзации во Хрватски шуми.
- Advertisement -

НА ИСТА ТЕМА

- Advertisement -