Бесплатни психолошки совети за Ковид-19 – Халили: Кај луѓето е активиран аларм за невидливиот непријател

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во време на пандемијата, постарите лица и оние кои страдаат од срцеви заболувања покажуваат најголем интерес за онлајн советите што ги нудат психотерапевтите од Центарот „Кортекс“ од Тетово. Во вакви ситуации, кога се соочуваме со невидлив непријател, доколку не знаеме да се носиме со нив, честопати доведуваат до напад на паника, објаснува психотерапетот Сема Халили.

„Луѓето што бараат помош се од разни возразни групи и во текот на овој период се соочуваат со разни проблеми. Кај луѓето е вклучена алармна состојба и се во опасност од невидлив и непознат пријател. Поради тоа тие се плашат уште повеќе, бидејќи кога нешто е непознато, стравот расте уште повеќе и преминува во вознемиреност, која честопати е проследена со напад на паника, се разбира доколку во моментот не знаеме да се носиме со состојбата“, вели Сема Халили.

Тимот нуди бесплатни онлајн психолошки совети за тоа како треба да се постапуваме во ситуацијата предизвикана од Ковид-19. Нивната поддршка ја проширија и на државно ниво.

„Ние како центар периодов даваме психолошка помош, не само на општинско, туку и на државно ниво. Двајца психотерапевти од нашиот центар се вклучени во платформата организирана од Комората на психолози на РСМ, во соработка со Министерството за здравство и Црвениот крст и е формирана екипа од 40 лиценцирани психотерапевти, со работно искуство во советување и психотерапија. Тие нудат психолошка помош во цела Македонија“, додава Халили.

Од овој центар препорачуваат граѓаните да ги избегнуваат многубројните вести кои кружат на интернет, радио и телевизии, бидејќи, како што објаснуваат, истите го држат активен системот за предупредување и страв. Како што велат, ова не е добро за менталното и физичкото здравје, па затоа им препорачуваат на граѓаните да се информираат само од официјалните извори.