Бесплатен скрининг за новинари и медиумски работници за Ковид-19

НАШ ПРЕДЛОГ

Ксами нема да оди на лидерската кај Ахмети, предлага нов модел на средби меѓу албанските парламентарни партии

Лидерот на движењето Беса Билал Касами нема да присуствува на утрешната средба иницирана од претседателот на ДУИ...

285 активни случаи на ковид-19 во Гостивар – изречени околу три илјади казни за неносење маски

285 активни случаи на коронавирус во општина Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше, каде бројот на новозаразени...

Заев и Гаши имале приватна ручек средба, не се разговарало за формирање влада

Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши денеска во хотелот Белви имале приватна ручек...

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за новинари и медиумски работници за КОВИД – 19.  

- Реклама -

Во последниот период новинарите и медиумските работници кои известуваат на терен за активностите на учесниците во предвремените парламентарни избори, поради зголемениот обем на работа, се дополнително изложени на вирусот КОВИД – 19. Освен тоа, во ЗНМ беше пријавено дека во дел од националните медиуми има нови позитивни случаи на заразени новинари и медиумски работници, но и колеги кои се сомневаат дека се заразени.  

- Реклама -

Поаѓајќи од тоа, но и од потребата да се даде приоритет на новинарите и медиумските работници  ќе се спроведе скрининг во два круга. Во првиот круг ќе бидат опфатени новинари и медиумски работници од информативните програми од поголемите медиуми, со цел да се утврди дали и колку од вработените се заразени. Ова ќе придонесе да се спречи ширење на болеста во овие редакции каде има поголем број на лица кои работат во исто време во ограничен простор. Според првичната проценка целта е да се опфатат најмалку 500 новинари и медиумски работници во првиот круг во период од 3 дена, а во зависност од исходот на ова соодветно ќе се планира временската рамка и начинот на спроведување на скринингот и во вториот круг.

- Реклама -

Поголемите редакции ќе добијат подетални информации во текот на утрешниот ден со цел да се направи соодветен распоред за спроведување на скринингот. За останатите помали редакции, дополнително ќе следат информации за скринингот по завршување на првиот круг.  

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

285 активни случаи на ковид-19 во Гостивар – изречени околу три илјади казни за неносење маски

285 активни случаи на коронавирус во општина Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше, каде бројот на новозаразени продолжува да расте. Досега во...

Заев и Гаши имале приватна ручек средба, не се разговарало за формирање влада

Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши денеска во хотелот Белви имале приватна ручек средба и на неа не...

СДСМ: Согласно член 90, став 1 од Уставот, за мандатор е предложен Зоран Заев

 СДСМ и Коалицијата „Можеме“ го известила претседателот Стево Пандаровски дека мандатор за составување на новата Влада е лидерот на партијата Зоран Заев.

Заев утре го добива мандатот за Влада – Претседателот одлучува и наспроти правните дилеми

Претседателот Стево Пендаровски извести дека утре ќе му го додели мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за формирање влада.