Белград утрово ги санираше штетите по синоќешниот протест против рестриктивните мерки (ФОТО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Белград утрово ги санираше штетите настанати по повод вчерашниот масовен протест против новите мерки кои ги најави претседателот Александар Вучиќ, меѓу кои вклучува и полициски час кој почнува од петок од 18 часот.

Запалени неколку полициски возила, уништени сообраќајни знаци, превртени контејнери, потоа оштетени неколку визири и штитови на полицијата, е билансот, а 24 лица се уапсени. 43 полицајци се повредени, како и неколку цивили.