Амбасадорот Бејли за ТВ21: „Не бев во Собранието, го следев процесот на телевизија“

Македонија се почесто е причина за преписки и обвинувања меѓу Москва и Вашингтон. Два дена по обвинувањата од страна на руското МНР дека се вмешал во гласањето во петокот за уставните измени, американскиот амбасадор, Џес Бејли одговори дека тоа е апсурд. Како што вели тој пред камерата на ТВ21 се што сториле е изјавата со која го поздравиле гласањето.

„Јасно е дека се апсурдни обвиненијата дека САД нелегално се вмешани и влијаеле на гласањето во Собрание, тоа е апсурдно. Како што изјавивме, ние го поздравивме гласањето во Собранието на Македонија за иницирање на уставни измени и спроведување на Преспанскиот договор“, изјави Џес Бејли, амбасадор на САД во Македонија.

Пред два дена Руското МНР обвини дека 8-те гласа од опозицијата се обезбедени со уцена, закани и поткуп.

Пратениците се затворија во канцелариите, телефоните им беа одземени, се чини во духот на европската демократска пракса. Вреди да се спомне дека американскиот амбасадор бил во Парламентот до крајот на седницата, нешто што остава сомнеж за тоа кој го раководел овој процес. – МНР на Русија.

Но, амбасадорот Бејли негира дека тој ден бил во Собрание.

„Јас тој ден работев во мојата канцеларија, учествував на настанот организиран од амбасадата вечерта и како повеќето граѓани на Македонија го следев гласањето на телевизија од мојата дневна соба“, додаде Џес Бејли, амбасадор на САД во Македонија.

Обвунувањата од Москва дека претставници на американската амбасада се мешале во процесот на гласањето ги отфрли и Американскиот Стејт Департмент, нарекувајќи го тоа обид за дезинформација и пропаганда. Исто така го повторија ставот дека САД го поздравуваат постигнувањето на 2/3 мнозинство во Собранието, со што се отвора патот за уставни измени и спроведување на Преспанскиот договор. Еден ден по гласањето за потребата од уставни измени, руската амбасада во Скопје, на Твитер напиша дека Русија пред 26 години ја признала Македонија под нејзиното уставно име и дека нема да го смени тој став.

Репортер: Бесир Арифи

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТВ21 АНКЕТА

Колку сте задоволни од услугите на лизинг компаниите?

View Results

Loading ... Loading ...