„Банките профитираа над 100 милиони евра за време на коронавирусот“, вели Јовановиќ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Груба пресметка кажува дека банките добро ќе профитираат од коронавирусот. Според професорот Бранимир Јовановиќ, тие ќе имаат профит од над 100 милиони евра, и смета дека Владата морала да донесе уредба и да им нареди на банките да не пресметуваат камати во време на оваа криза.

„Една груба пресметка кажува дека банките профитираа повеќе од 100 милиони евра, затоа што наплатуваат камати, а може да се откажат од тоа. Но јас не ги обвинувам. Банките секаде во Светот се исти, и исто функиционираат. Сметам дека Владата мораше да им наметне на банките, во периодот кога се одложени обврските, да не може да се пресметува камата“, вели Јовановиќ во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.