Бачев: Вчера во Брисел беше тежок и тажен ден за Македонија со потпишување на Пристапниот Протокол

Вчера во Брисел беше тежок и тажен ден за Македонија со потпишување на Пристапниот Протокол со геноцидната организација НАТО во обидот за бришење на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, соопшти лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.

„Македонскиот бугараш Димитров кажа „да„ онаму каде македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија на референдумот лани на 30 септември рекоа „не“. Никој не му даде право на шпионот на ЦИА Димитров во име на оваа генерација на Македонци да потпишува бришење на македонската нација во името на претходните и идните генерации на Македонци.

Единствена Македонија и јас лично се обврзуваме дека ќе останеме на првата линија во одбрана на националните и државните интереси. Единствена Македонија заедно со големата народна коалиција „Македонија-Блокира„ во која членуваат 84 организации од земјата и дијаспората ќе победи на претстојните претседателски избори и на парламентарните избори кога и да се одржат и ќе го искористи своето право да го поништо Договорот за промена на името како спротивен на домашното и меѓународното право. Јавноста треба да знае дека на крајот конечната одлука за членство во НАТО треба да ја донесе македонскиот народ и граѓаните или преку Собранието или на референдум по околу една година кога се очекува да заврши ратификацијата на Протоколот од сите 29 членки на НАТО.“

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТВ21 АНКЕТА

Колку сте задоволни од услугите на лизинг компаниите?

View Results

Loading ... Loading ...