Аслани: ЕУ донираше 4 милиони евра, САД преку УСАИД помогнаа на Македонија со 1,1 милион долари во справување со Ковид-19

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Арменд Аслани, заменик министерот за здравство во ЕуКлик објаснува од каде стигнала помош за Македонија во справување со коронавирусот.

-Севкупната заложба во однос на НАТО е меѓусебна помош и солидарност преку механизми НАТО во насока на заедничко снабдување, помош за медицинскиот персонал, медицински средства итн. Активирањето на мобилната болница покажува дека членството и сојузништво со земјите-членки на НАТО може да помогне во кризни ситуации како оваа. Оваа болница со сите донации и опрема, е донација од Норвешка, што покажува дека членството во НАТО подразбира поддршка кога е повеќе од потребно. Затоа сакаме да упатиме благодарност и за донациите од ЕУ од 4 милиони евра, од САД кои преку УСАИД донираа 1.1 милиони американски долари за справување со коронавирусот. Она што сакам да го истакнам е дека е одобрен пристапот до Европскиот солидарен фонд, што значи дека ние рамноправно со другите европски земји ќе учествуваме во заедничките процедури за снабдување со материјали и опрема. За сѐ што е поврзано со потребата на здравствените институции во врска со коронавирусот, веќе сме на иста линија со земјите на ЕУ и тоа е голема добивка по одлуката за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Се отвораат вратите и ние сме рамноправни со земјите-членки на НАТО во овој процес. Од друга страна би сакал да ја спомнам и Холандија која донираше комплетен кабинет за дијагностика на коронавирусот, кој опфаќа кабини за изолација, опрема која ќе се инсталира, како и тестови за 2.000 лица. Станува збор за лабораторија која двојно ќе го зголеми капацитетот на сегашната лабораторија во Институтот за јавно здравје. Холандија ја направи донацијата преку Меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена. Исто така би сакал да ѝ се заблагодарам и на Светската здравствена организација, но и на германска Амбасада за донацијата. Да не ја заборавам и чешката Влада, која донираше еден милион маски, што е многу важна донација која доаѓа во вистински момент. Секогаш ќе им бидеме благодарни. Нивната помош ја покажува солидарноста меѓу две земји, односно Северна Македонија и Чешка-рече Аслани.