Арменд Аслани во ЕуКлик: Во Дебар и во Центар Жупа ќе бидe тестиранo 20-30% од населението

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заменик министерот за здравство Арменд Аслани, вечерва е гостин „он-лајн“ во ЕуКлик на ТВ21. Тој за мерките превземени во Дебар и Центар Жупа, истакна дека дале добри резултати и дека 20-30 % од населението таму ќе биде тестирано на коронавирусот.

„Мерките покажаа добри резултати, па затоа имаме и добри вести – веќе некое време немаме позитивни случаи. Но како и да е ситуацијата се следи од близу. Претставниците на Комисијата за заразни болести исто така го посетуваат Дебар, каде се почитува нивното стручно мислење. Мерките за ограничување кои се воведени во целата земја, ќе важат и таму. Во Дебар и Центар Жупа ќе се направи тестирање кое ќе опфати од 20 до 30% од населението, имајќи предвид дека веќе некое време нема дијагностицирани пациенти во овие општини. Ова ќе се направи преку министерството кое доби донација од 25 илјади тестови за дијагностицирање на антителата. Па така, со оглед на тоа што во Дебар нема нови пациенти, сите заразени се излекувани, се очекува дополнително со тестовите да се утврди дали дијагностицираните пациенти веќе се целосно негативни. Според планот, треба да се направи скрининг кој ќе опфати од 20 до 30% од населението од подрачјата во кои беа преземени рестриктивните мерки пред прогласување на вонредната состојба.“, рече Аслани.