Апсурд! Уништена улица ги дели 5 дена децата од семејстава, плачат кога одат во интернат

ВИБЕР:

Татко – Што правиш?

Синот – Ништо

Таткото – Како помина на часови?

Синот – Не знам

Таткото – Ја напиша домашната?

Синот – Се уште не

Лирим е во прво одделение. Тој на оваа возраст е принуден да биде одделен од семејството и 5 дена да престојува во интернатот на основното училиште во Чашка. Основното училиште е на само 5км далеку од куќата, но автобусот не поминува да ги земе учениците од село Бусилце во општина Чашка, а причина е уништената улица долга само 1.5км. Сефедин Арифи, жител на селото вели дека децата плачат кога одат во интернат бидејќи не го знаат добро македонскиот јазик на кој ја следат наставата.

„И тие што се од основното училиште седат во општина Чашка заради патот што никој не доаѓа да ги земе. Овде се 10 деца. Од другата година и ова момче ќе тргне на училиште, имам и двајца внуци. Што знаат овие деца на 6 години кога ги земаат и ги носат во школо и му велат  – седи тука, и секако мора да седи. Се нервираат, плачат, кога го испраќам синот плаче бидејќи не седи со другите деца Македонци затоа што не го знае јазикот“, вели Сефедин Арифи – жител.

Пет дена од неделата селото е празно, нема деца да си играат по улиците. Сервет има двајца синови кои одат во интернатот, Лирим е во прво одделение и Алтин  е трето .

Единствената комуникација е преку Вибер.

„Секако дека им недостасуваат родителите, но и ние не сме мирни кога знаеме дека 5 дена детето треба да помине таму. Контактираме по телефон преку Вибер или треба лично да отидеме таму ако има некаков проблем или некоја друга потреба“, вели Сервет Муслиу – жител.

ТВ21 побара одговор од Општина Чашка а од таму велат дека кон крајот на 2019 година е предвидено да се асфалтира улицата што води до училиштето од селото.

„Овие ученици се сместени во интернатот со цел да можат да следат настава непрекинато, бидејќи до живеалиштето, од каде што доаѓаат овие деца, улиците не се во добра состојба. Тоа е причината поради која при јавните набавки за транспорт на учениците не се пријави ниту еден превозник за превоз на децата од гореспоменатите живеалишта“, велат од Општина Чашка.

Во интернатот во општина Чашка кој е дел од основното училиште “Тодор Јанев“ се сместени вкупно 11 ученици од прво до деветто одделение. Со овој проблем жителите се соочуваат веќе 11 години.

Вибер:

Таткото – Тажни сте?

Синот – Да

Таткото – Ок, те поздравувам

Синот – чао

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ