Апелација го одби барањето на Панчевски – на 4 август ново рочиште во велешкот суд

НАШ ПРЕДЛОГ

„Пендаровски ја доби функцијата на Макрон“ – Шасивари: Со доделувањето на мандатот влегуваме во правна неизвесност

Доделувањето на мандатот без претходно обезбедено парламентарно мнозинство и без функционално Собрание, според универзитетскиот професор по право,...

Протест против поскапувањето на струјата во Скопје (видео)

Во Скопје вечерва се одржа протест против поскапувањето на струјата. Учесниците на протестот се собраа во Паркот...

Тетово: Опожарени возила на ЕВН – Османи: Приведувањето е поради фејсбук објава

Поради тоа што вчера по полноќ две возила на ЕВН биле опожарени, полицијата го лишела од слобода...

Апелацискиот суд Скопје го отфрли барањето на поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, за изземање на Велешкиот суд и префрлување на предметот во Скопје. 

- Реклама -

На денешното рочиште беа сослушани четворица сведоци, службеници од Основниот Кривичен суд Скопје.

- Реклама -

Една од службеничките сведочеше дека во 2016 година два предмети со звучни имиња од СЈО ги однела кај претседателот на судот Панчевски, а тој ги распределил кај судијките Татјана Михајлова и Лидија Петровска.

- Реклама -

На прашање на Панчевски до сведокот дали тој имал влијание врз распределбата на други предмети освен оние два од СЈО, за кои имало одлука, сведокот изјави дека не се сеќава за други предмети освен за оние од СЈО.

На прашање зошто дел од предметите биле делени рачно, сведокот одговори дека тоа било така, за да се избалансираат работите да не се повторува одредени судии да имаат по пет – шест предмети, а кај некои само еден. Или, како што додаде, за да се избегне одредени судии да имаат судења само со еден обвинет, а кај другите да има предмети со повеќе обвинети.

Сведоците од информатичкиот АКМИС –  систем за електронска распределба на предметите, на судењето изјавија дека имало недостатоци на системот, а  кои постепено во годините  потоа  биле отстранувани. Тие посочија дека  за  тие недостатоци на АКМИС системот тие постојано укажувале во Врховниот суд и на Работното тело на Основниот Кривичен суд кое било задолжено да следи АКМИС системот.

Претседателката на Основен суд Велес, Лидија Димова денеска донела решение со коешто го одбила барањето на двајцата адвокати на Владимир Панчевски  за иземање на судијката Валентина Ѓорѓиева  како судечки судија во процесот.

Адвокатите на Панчевски на денешното рочиште побараа тој да излезе од притвор и да продолжи да се брани од слобода.

Како аргумент го посочија документот од Агенцијата за вработување во Скопје, во кој, според нив, пишува дека Владимир Панчевски е во работен однос, па според тоа, тој како судија има имунитет.Како што потенцира адвокатот Петро Јамура тоа значи дека обвинетиот Владимир Панчевски е се уште судија во Основен Кривичен суд и има право на имунитет и побара укинување на мерката притвор.

Следното судско рочиште е закажано на 4 август, кога исказ пред судот треба да дадат преостанатите двајца сведоци.

Обвинетиот Панчевски, според обвинението поднесено од ОЈО Скопје, се товари дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, со негов параф и усно давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС-от рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, и кажувал на кој судија да се распредели предметот, со што целосно се изигрувал системот кој требало автоматски да ги распределува предметите. 

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Протест против поскапувањето на струјата во Скопје (видео)

Во Скопје вечерва се одржа протест против поскапувањето на струјата. Учесниците на протестот се собраа во Паркот на жената борец и во...

Тетово: Опожарени возила на ЕВН – Османи: Приведувањето е поради фејсбук објава

Поради тоа што вчера по полноќ две возила на ЕВН биле опожарени, полицијата го лишела од слобода во раните утрински часови Кренар...

Протести против поскапувањето на струјата во Кичево

На градскиот плоштад во Кичево денеска се одржа мирен протести против поскапувањето на струјата. На протестот беа вклучени поголемиот...

Косово ги отвора границите кон Македонија, Албанија и Србија

Владата на Косово на денешната попладневна седница одлучи „да ги отвори државните граници на Република Косово“ со Северна Македонија, Албанија и Србија, јави...