Ана Арсов: Донаторската вечер ја носиме во Македонија, ќе им помогнеме на топ студенти од посиромашните слоеви

Таа е успешна менаџерка во Светот на финансиите. Македонка која што работи во Њујорк, а нејзиното искуство е огромно. Таа е една од бордот на директори на самитот Македонија 2025 кој се одржува во Скопје. Ана Арсов е соговорничка на ТВ21 каде што во интервју говори за Самитот на кој што има успешни соговорници.

„Јас сум член на  бордот на директори на самитот Македонија 2025, организација фокусирана на македонски развој. Основана е од успешни Македонци надвор од Македонија од Северна Америка. Целта е да пропагираме успешна македонска приказна. Преку 400 делегати доаѓаат да слушнат врвни говорници од целиот Свет. Покрај самитот имаме и донаторска вечера, на која ќе прославиме 10 години од проектот Македонија 2025, и да ги поканиме нашите гости да донираат средства за нов фонд кој го основавме кој ќе помага на деца кои доаѓаат од посиромашните слоеви во општеството, но, кои се одлични студенти во повеќе области“, вели Арсов.