ИЗБОРИ

Американски и грчки воени авиони со прелет над Скопје ќе ни посакаат добредојде во НАТО

НАШ ПРЕДЛОГ

Спасовски: Засега Владата нема да разговара за затворање на границата со Косово и со Србија

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не разговараше за евентуално затворање на северната граница, односно со...

Загинал при извршување на работи во каменолом

На 02.07.2020 во 20.50 часот во Полициската станица за граничен надзор Сопот, М.Љ.(41) од с.Сопот, кумановско, вработен...

Уапсена гевгеличанка – наместо во самоизолација, била на базен

На ден 02.07.2020 во 14:30 часот, на базен во Гевгелија, лишена е од слобода А.Г.(31) од Гевгелија,...
- Промо -

Американски воени авиони денеска со прелет над Скопје ќе го поздрават членството на Република Северна Македонија во НАТО, информираат од Министерството за одбрана. Прелетот ќе се реализира околу 11:20 часот.

- Реклама -

Два авиона на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиона на Република Грција, ќе извршат прелет над територијата на Република Северна Македонија. Прелетувањето ќе биде во чест на нашето членство во НАТО. Авионите ќе летаат долж реката Вардар, а ќе дојдат од правец на скопскиот аеродром.

-Нашите американски сојузници испраќаат силна порака дека нашите две земји одржуваат одлична соработка и дека по континуираната поддршка што ни ја даваа на патот кон НАТО, и по влезот во Алијансата остануваат и понатаму наш силен сојузник и стратешки партнер, потенцира министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

- Реклама -

Американските авиони полетаа вчера од сојузната држава Јужна Дакота и ќе имаат 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух. Доколку временските услови го озвозможат тоа, заинтересираните граѓани ќе можат да го набљудуваат прелетот на американските авиони и авионите придружници од грчката воена авијација над Скопје. Авионите над нашата земја ќе летаат на височина од 1.500 метри и нивниот прелет ќе биде проследен со силен звук. Демонстрацијата на овој прелет ќе биде уште една потврда за срдечниот прием на Северна Македонија во НАТО и сигнал за продолжување на соработката, велат од МО.

Членството на Република Северна Македонија во НАТО започна со широка поддршка од страна на сојузничките земји, која се покажа и при здравствената криза од коронавирусот со бројни донации во медицинска и заштитна опрема од страна на сојузниците. Како нова членка на НАТО, Република Северна Македонија е опфатена и со програмата за воздушно патролирање која е ексклузивна само за членките на Алијансата и чија цел е заштита на небото на државите од НАТО. 

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Загинал при извршување на работи во каменолом

На 02.07.2020 во 20.50 часот во Полициската станица за граничен надзор Сопот, М.Љ.(41) од с.Сопот, кумановско, вработен во каменолом, пријавил дека при...

Уапсена гевгеличанка – наместо во самоизолација, била на базен

На ден 02.07.2020 во 14:30 часот, на базен во Гевгелија, лишена е од слобода А.Г.(31) од Гевгелија, која не се придржувала на...

Во Белград прогласена вонредна ситуација

Градоначалникот на Белград Зоран Радојчиќ, на предлог на Штабот за вонредни ситуации, донесе одлука за прогласување вонредна ситуација, која стапува во сила...

Боки 13 продолжува со поднесување кривични пријави во ОЈО

Бојан Јовановски, кој е осуден во предметот „Рекет“, денеска  повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје за да заврши со...