Амбасадорските места останаа празни – нефункционирањето на Собранието донесе нови проблеми

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Повеќе од 12 амбасадорски места се празни, а нема ниту можност да бидат пополнети поради вонредната состојба и нефункционалното Собрание, кое се самораспушти и распиша предвремени парламентарни избори.

„Нефункционалното Собрание значи и неможност да се состане комисијата за надворешна политика, што од друга страна пак ги остави празни местата за голем број на амбасадори“, истакна Никола Димитров.

Но, тоа не се eдинствените проблеми кои ги предизвика неработата на Собранието. Прави прблем и на јужната граница и справувањето со мигрантската криза. Единствено Собранието може да ја продолжи и да донесе одлука припадниците на Армијата да и помагаат на граничната полиција.

„Мислам дека не е здраво дури и со најдобрите Влада да имаат толку концентрирана власт толку време, исвесно време да, кога е нужно да, меѓутоа предолго време тоа е пределикатно. Затоа е многу важно да имаме Собрание“, посочи Никола Димитров.

Министерот за надворешни работи смета дека и техничката влада нема можност да раководи со она што земјава ја очекува на патот кон ЕУ.

„Преговарачката рамка која што со првата меѓународна конференција на некој начин нашата држава ја потврдува е исклучително важен политички документ што не сум сигурен дека техничка влада не може да го направи“, додаде Никола Димитров.

Со ова се согласува и известувачот на Република Северна Македонија во Европскиот парламент, кој вели дека голема е потребата од Собранието кое ги контролира одлуките на Владата.

„За таа цел, имаме голема потреба од парламентаризам, нема друг начин и во други држави не се случуваат процеси на контрола надвор од парламентарната демократија. На европски план и од гледна точка на Брисел имаме неколку работи кои се на прво место во месец јуни со големата помош од Европскиот парламент, да го започне јасниот пат кон ЕУ“, посочи Илхан Ќучук.

Македонија во јуни треба да го добие новиот извештај за европската иднина, откако претходно два пати имавме неуспешни обиди, последниот поради противењето на Франција и Макрон кои го оспоруваа начинот на проширување на Европската унија.