Гаши и Села ја стартуваа политичката кампања: Сега е време!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Коалицијата помеѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива денеска ја започна својата политичка кампања за предверемните парламентарни избори, се вели во соопштението.

ако што е наведено, мотото за претстојните избори ќе биде „Сега е време“, бидејќи, како што објаснуваат, дојдено е времето за демократија и кај Албанците.

„Сега е време за промена кај Албанците! Сега е време за еднакви права! Сега е време за еднакви инвестиции! Сега е време за правда која не ги бира граѓаните според етничка, политичка и верска припадност! Сега е време за квалитетно образование! Сега е време за квалитетно здравје! Сега е време за држава за сите!“, наведено е во соопштението.