Албанскиот јазик отстранет од меморандумите! Царовска вели нема промени, но соопштенијата се испраќаат само на македонски

НАШ ПРЕДЛОГ

Грција воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС во региони кои се жаришта на коронавирус!

Грчкиот премиер Мицотакис денеска објави дека полицискиот час ќе биде воведен од 00,30 до 5,00 часот наутро...

Трамп и Бајден се среќаваат на последната дебата

Претседателот Доналд Трамп влегува во последната претседателска дебата вечерва и има потреба од големо раздвижување што ќе...

Милан со убедлива победа против Селтик на стартот во Лигата на Европа

Милан го започна своето учество во Лигата на Европа со престижна победа, откако како гостин го совлада...

Мила Царовска е новата министерка за образование и наука. Не помина ниту еден месец од нејзиното доаѓање на чело на овој ресор, направи измена. Логото на службените меморандуми кои досега беа на два јазика, сега е само на македонски. Поради тоа, побаравме одговор од министерката Царовска – зошто албанскиот јазик не фигурира на меморандумите?!

Со доаѓањето на Царовска, и соопштенијата на МОН почнаа да се пишуваат само на македонски. Директорот на Агенцијата за јазици, Илбер Села, вели дека досега до нив не пристигнала ниту една поплака дека МОН го крши Законот за употреба на јазиците, но во случај да дојде до тоа, како што вели, ќе го разгледаат случајот.

-Официјално немаме добиено ништо, никаква жалба. Доколку пристигне поплака, јас ќе се обратам до институциите. Ако институциите не го спроведат, како што предвидува законот, тогаш формиран е и Инспекторат кој ги казнува институциите. Таму не можам да навлегувам, бидејќи тоа не е моја работа како директор на Агенцијата-вели Села.

Инаку, Законот за употреба да јазиците предвидува во сите државни органи во Македонија, втор службен јазик покрај македонскиот и неговото писмо, да биде и јазикот кој го говорат 20% од населението во Република Македонија.

Дневен хороскоп за четврток (22. октомври 2020)

ОВЕН Работа: Не сте на иста бранова должина со колегите. Жал ви е што не се чувствувате како дел...

Марковски: Ние цело време позитивните ги кажувавме болни, си направивме проблем врз економијата

Вело Марковски во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека сме направиле голема грешка што оние со позитивни тестови ги прикажувавме како болни...

Шекеринска: Благодарност до НАТО за помошта од 1,4 милиони евра

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, преку видео – конференциска врска, денеска учествуваше на првиот работен ден на состанокот на Северноатлантскиот совет на...

Марковски во „ClickPlus“ објаснува како да разликуваме обичен грип од коронавирус?

Во „Клик Плус“ вечерва дебатираме со проф. д-р Вело Марковски. Нормално, темата е коронавирусот, а Марковски објасни како да се разликува коронавирусот...

Марковски: Една маска која беше 2 денари, сега се продава за 60 денари

„Маските се скапи“, смета професорот Вело Марковски, кој ова го истакна во „Клик Плус“ на ТВ21. Тој истакна...