Ако сметките за струја се повисоки од реалната потрошувачка, граѓаните да достават жалби до РКЕ

НАШ ПРЕДЛОГ

Грција воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС во региони кои се жаришта на коронавирус!

Грчкиот премиер Мицотакис денеска објави дека полицискиот час ќе биде воведен од 00,30 до 5,00 часот наутро...

Трамп и Бајден се среќаваат на последната дебата

Претседателот Доналд Трамп влегува во последната претседателска дебата вечерва и има потреба од големо раздвижување што ќе...

Милан со убедлива победа против Селтик на стартот во Лигата на Европа

Милан го започна своето учество во Лигата на Европа со престижна победа, откако како гостин го совлада...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија ги известува потрошувачите дека можат да достават приговор до РКЕ доколку добиените сметките за електрична енергија отстапуваат од реалната потрошувачка на електрична енергија.

-Доколку потрошувачите добијат сметки во кои е фактурирана нереална потрошувачка на електрична енергија, тие може да поднесат претставка до РКЕ. Комисијата за жалби која функционира во рамките на РКЕ ќе им даде приоритет на решавање. Во изминатиов период имаме укажување од потрошувачите дека добиваат високи сметки за електрична енергија за еден месец, а следниот месец добиваат само за улично осветлување. Ние по овие претставки постапуваме веднаш, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Тој потсетува дека потрошувачите имаат можност за контрола на начин што самостојно ќе ги отчитаат броилата по што можат онлајн да ја пријавуваат состојба на броило во ЕВН, со што врз основа на овие податоци за потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа ќе добијат реална фактура за потрошената електрична енергија.

-Во исто време ги потсетуваме потрошувачите од категорија домаќинства дека Универзалниот снабдувач односно ЕВН Хоме не смее да ги исклучува од системот за електрична енергија ранливите потрошувачи во месеците декември, јануари и февруари поради неплатени фактури за испорачана електрична енергија.  Ранливиот потрошувач има можност за одложено плаќање или плаќање на минимум шест еднакви рати доколку има доспеан долг. Исто така, ранливиот потрошувач кој е заведен во евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика има право од ЕВН Хоме да бара да биде ослободен од обврска за плаќање на надоместок за повторно приклучување, како и бесплатно да му се направи вонредна верификација на мерната опрема, потенцираат од Регулаторната комисија.

Исто така, додаваат оттаму, согласно член 197 став (3) од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19) сите потрошувачи имаат право на надоместок на штета поради намалена испорака (испорака на електрична енергија со послаб квалитет од пропишаниот) или прекини во испораката на енергија под услови и начин утврдени во Правилата донесени од РКЕ.

Во Косово втор ден по ред без починат од Ковид-19, 159 заразени во последните 24 часа

Втор ден по ред во Косово не е забележан ниеден смртен случај на заразен од Ковид-19, така што бројот на жртви на...

640 нови случаи на Ковид 19, починати се 12 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на ковид-19 во:...

Автобусите од јавниот превоз утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз утре ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Се зголемува бројот на згрижени болни и позитивни на Ковид-19 во Општата болница во Кочани

Зголемен е бројот на лицата кои се згрижени на одделот за болни или позитивни на Ковид-19 во Општа болница со проширена дејност...

Седница на ЕСС: Поддршката за исплата на плати ќе биде скалеста согласно падот на приходите на компанијата

Финансиската поддршка за работодавачите за исплата на плати ќе биде скалеста согласно падот на приходите на компанијата односно од 14.500 до 21.776...