Ако сите албански партии бидат во власта – Хоџа ќе лобира Движењето Беса да замине во опозиција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ако сите албански партии влезат во Владата, тогаш ќе лобирам Движењето БЕСА да излезе во опозиција.

Ова го пишува генералниот секретар на Движењето БЕСА, Аријанит Хоџа, во својата колумна за весникот КОХА.

Како што вели тој во колумната, во одредени кругови деновиве се спомнува опција сите албански партии да бидат дел од новата Влада, што според него, не само што е погрешно, туку и опасно.

Хоџа вели дека ова е штетно за Албанците во Северна Македонија.

Во колумната Хоџа пишува дека Албанците мора да имаат опозициска опција, и дека лично тој, доколку сите албански партии станат дел од Владата, би лобирал за убедување на политичкиот субјект каде што работи, Движењето БЕСА, и покрај фактот што се победници на изборите како дел од Коалицијата „Можеме“, да ја разгледаат можноста нивните пратеници да излезат во опозиција.