„Ако нема избори на 5-ти јули, тогаш избори на есен“, рече Османи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Избори или на 5-ти јули или редовен термин на есен, дециден е во ова Бујар Османи кој вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 рече дека ќе се направат напори да се создадат услови за постигнување на концензус.

„Ќе се направат напори да се создадат услови, но и концензус за 5-ти јули. Но, ако нема услови за 5-ти јули дефинитивно избори ќе има на есен“, рече во „Click Plus“ Бујар Османи.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска одговарајќи на прашање на ТВ21 рече дека датумот веќе е минато и изборите ќе се одржат на 5-ти јули.

Од партијата на Христијан Мицкоски ја нарекоа лудост желбата за избори во време на пандемија. Нивниот став е избори да има во август или почетокот на септември.

ДУИ се базира на две начела кога станува збор за датумот. Портпаролот на интегративците вели дека за нив здравјето е приоритет, а консензусот неопходен.

Лидерите на политичките партии кои на последните парламентарни избори успеаа преку самостојните листи да обезбедат пратенички мандат во два наврати кај претседателот на државата Стево Пендаровски седнаа на заедничка маса, но не постигнаа договор за датум за предвремени парламентарни избори.

Последните 5 изборни циклуси во Македонија се одржуваат предвремени парламентарни избори, наместо редовни.