АХВ за еден месец спроведе 1.645 инспекциски контроли

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 19 март до 21 април спроведе 1.645 инспекциски надзори и изрече пет глоби.

Како што соопшти денеска претседателката на Инспекциски совет, Магдалена Филиповска Грашкоска, АХВ извршила контроли во маркети, угостителски објекти, зелени пазари, месарници и производствени објекти.

-Изречени се и 75 казнени мерки – едукации, поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и уште 64 репниа за лоша општа хигиенска состојба по кои правните субјекти веднаш постапуваа, истакна Филиповска Грашкоска.

Таа на прес-конференција во Владата информира дека во спомнатиот период,

Шесте инспекциски институции во земјава од 19 март до 21 април спровеле вкупно 33.173 надзори. од нив повеќето, 26.569, се од Државниот пазарен инспекторат кој затворил 162 угостителски објекта кои не ги почитувале мерките на Владата.

? [ВО ЖИВО] Прес-конференција на Инспекцискиот совет

? [ВО ЖИВО] Прес-конференција на Инспекцискиот совет

Gepostet von TV21 am Freitag, 24. April 2020