Аеродромите отворени, летовите вратени – „Дојдоа на две недели, останаа четири месеци“

НАШ ПРЕДЛОГ

Продолжува блокадата на депонијата – „Русино“ затворена додека не се најде на нова локација

Движењето „Стоп Русино“  уште 10 дополнителни дена останува на влезот на депонијата Русино, и нема да дозволи...

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот...

Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за...

Часот е 6:30. Со два лета кон Стокхолм и Келн, Северна Македонија и официјални ги отвори воздушните граници. Имаше патници кои дојдоа од Косово, но со оние кои ги придружуваа мораа да се поздрават на влез, бидејќи во аеродромот беше дозволен влез само за патниците.

- Реклама -

Добро утро, имате билет?

- Реклама -

Ниту на таксистите не им беше дозволено да им помогнат на патниците околу носењето багаж.

- Реклама -

Сите патници носеа маски, но иако насекаде имаше насоки, сепак не водеа многу грижа за држење дистанца. Денеска можат да патуваат само патниците кои имаат дозвола за престој во земјите на ЕУ или во САД. Имер Фетаи од Пирок патува за Келн. Дошол на две недели, но со месеци останал затекнат во Македонија.

-Добро излезе, бидејќи јас тука сум четири месеци. Веќе четири месеци… два билета ми пропаднаа, едвај дочекав денеска да си заминам. Целото семејство ми е таму. Тука останав сосема сам. Немавме каде да јадеме и пиеме. Јас живеев сам, готвев сам, сѐ правев сам. Лошо ми беше, бидејќи не можев да живеам така. Не можев да одам никаде, седев само дома и кога имаше полициски час…-вели ФЕтаи.

Имер вели дека аеродромите требало да се отворат многу порано.

-Можеа да работат и порано. Ние патуваме во воздух. Ние имаме документи и можеме да патуваме. Носевме маски и тогаш, и сега-изјави Фетаи.

Откако ќе ја поминеа првата контрола, влегуваа внатре. Ги дезинфицираа чевлите и рацете. Им се мереше температура. Чекаа на обележаните места. Насекаде имаше флаери на кои пишуваше дека треба да се почитува дистанца и да се носи маска, но сепак овие мерки не се почитуваа целосно. И оваа жена која чекаше за „чек ин“ во земјава требала да остане две недели, но останала четири месеци сама. Целото нејзино семејство е во Америка.

-Целото семејство ми е таму, децата, сопругот, сите. Јас дојдов на две недели, но останав четири месеци.
-Бевте тажна?
-Да, малку.

Штети од укинување на летовите претрпе и ТАВ Македонија, која раководи со Меѓународниот Аеродром-Скопје. Директорот Алпер Тунга Ерсој, вели дека во споредба со претходните години. годинава поради пандемијата изгубиле 50% од патниците.

-Оваа пандемија многу ја погоди авијацијата и авиокомпаниите. Споредбено со минатата година изгубивме 50% од патниците-рече Ерсој.

Првиот лет иако беше за Бремен, сепак имаше доцнења.
Првите патници полетаа кон Стокхолм и Келн. Инаку, воздушниот сообраќај ќе можат да го користат само патниците кои имаат државјанство и дозвола за престој во земјата во која сакаат да патуваат, поради тоа што ЕУ не ги отвори границите за Северна Македонија.

Сите граници беа затворени со цел спречување на вирусот Ковид-19.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор...

Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за бројот на функционерските места кои...

Интервентни единици и војска се распоредуваат во центарот на Минск

Белоруски интервентни единици и воени сили пристигнуваат во центарот на Минск, а припадници на интервентната полиција се упатија по Авенијата Независност кон...

Скопскиот аеродром „мост на корона“ за Европа – 24 патници од летот Скопје-Турку позитивни на ковид-19

24 патници од летот Скопје-Турку, Финска, биле позитивни на коронавирус. Тие во саботата полетале од Скопје кон јужниот град во Финска, и...