СРПСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ СО ГОЛЕМ БРОЈ НА ОПРЕМА И ТЕХНИКА ТРГНАА КОН СКОПЈЕ ДА ПОМОГНАТ

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека денеска упати помош за Македонија во механизација и луѓе за санирање на последиците од поплавите предизвикани од временските неприлики. Како што се наведува во соопштението, околу 20 припадници на пожарникарско-спасувачките единици на српската полиција тргнале кон Македнија за да помогнат на граѓаните.

На пат кон Македонија тргнале повеќе теренски возила и камиони со неопходната опрема и пумпи, како и дваесетина припадници на противпожарните и спасувачки единции при министерството за внатрешни работи на Србија.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ вчера разговараше со мнистерот за внатрешни работи на Македониј Митко Чавков, на кој му понуди помош околу заштитата и спасувањето на жителите, како и во санирањето на теренот.

Заедно со МВР на Србија помош испраќа и град Белград.

ЈКП за водовод и канализација на Белград кон Скопје упати специјално комбинирано возило „вома“ со комплетна технологија за одзатнување на канализации, испумпување и усисување.

ЈКП Градска чистота од Белград исто така испраќа фекална цистерна со голем капацитет на усисување, а Јавното водоводно претпријатие „Белград вода“ привремено ќе отстапи две пумпи со среден капацитет од 2.000 литри о минута.

Со наведената техника во комплет доаѓаат и целосни тимови со цел што побрзо да се отстранат штетите од поплавите!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here