Од утре формирање Комисија за импичмент на Иванов

Утре во 13 часот ќе се состане Комисијата за избори и именувања, на која треба да се формира  составот на Комисијата која што ќе го надгледува барањето за импичмент на Претседателот, Ѓорге Иванов.

Комисијата ќе брои 11 члена, од кои еден е претседател. Од ВМРО- ДПМНЕ за ТВ21 брифираат дека ќе бараат мнозинството да биде од нивното членство, вклучувајќи го и претседателот.

Комисијата нема надлежност да одлучува,  туку само  дава извештај во врска со аргументите приложени во Барањето за импичмент.

Извештајот потоа оди во Собрание и истиот треба да се разгледа во рок од 7 дена.

Весна Јаќимовска

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here