И вечерва протести на „Шарената револуција“

И денеска продолжува протестот на граѓанската иницијатива Протестирам во Скопје. Протестот ќе започне повторно пред Специјалното обвинителство. Граѓаните преку т.н. Шарена револуција бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов кој аболицираше политичарри, одложување на предверемените парламентарни избори кои треба да се одржат на 5 јуни и формирање експертска влада. Антивладини протести се одржаа и во Прилеп, Куманово, Штип, Кавадарци и во Битола,а вечерва повторно ќе се приклучува и Охрид. 

На вчерашниот собир на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), членот на ова Здружение Алекдандар Пандов изјави дека ГДОМ ќе поднесе барање до Уставниот суд за времено запирање на работа на сите граѓански здруженија, фондации и политички партии, кои како што рече Пандов, во моментов ја рушат и урнисуваат Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here