ХУЛИГАНИ ГО ДЕМОЛИРАА  МУЗЕЈОТ НА АЛБАНСКАТА АЗБУКА

Група хулигани  се уште неидентификувани, денеска го демолира Музејот на албанската азбука во Битола. Транспарент со  националистичка и расистичка порака „Смрт за Шиптари “ беше поставен на вратата на Музејот. Хулиганите ги скршиле вратите и прозорците. Од СВР Битола, велат дека се запознаени со овој случај и дека ќе ги бараат сторителите. Ова не е прв пат објект да биде демолиран, но сторителите секогаш останувале непознати за полицијата. Овој инцидент се случи за време на одбележувањето на 108 – годишнина од одржувањето на Битолскиот конгрес каде беше основена Албанската азбука.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here