ФИЛМОТ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО „ЗОШТО?“ НА МУРАТ ЖЕРКА ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „РАТКА ИЛИЕВСКА-ЛАЛЕ“

7. издание на „Мобил фестивал“ успешно заврши синоќа во Кинотеката на

Македонија, со доделувањето на наградите за најдобрите филмови

снимени со мобилен. Претежно млада публика, дел од нив автори на

филмовите, дел љубители на филмот, ја проследи церемонијата, а имаше

можност да види и избор од филмови што пристигнаа на повикот за учество

на фестивалот.

Тричлено жири ги избра најдобрите автори во пет категории. За наградите

одлучуваа: Ванчо Мираковски, монтажер, Дамјана Ивановска, филмолог од

Кинотеката на Македонија, и Сребра Ѓорѓијевска, новинарка. Сите учесници

добија благодарници.

Фестивалот, кој го организира продукцијата „КТ Филм и Медиа“, годинава се

одржа благодарение на поддршката од Агенцијата за филм на Република

Македонија, Град Скопје, МЕПСО, Кинотеката на Македонија, Младинскиот

културен центар. Во рамките на седмото издание беа одржани две

работилници за стоп-анимација, едната за деца во соработка со

фестивалот „Синедејс“, а другата во соработка со СУ „Јосип Броз Тито“. Беа

прикажани и два детски филма во Кинотеката на Македонија, од германска

и од холандска продукција.

Еве ја листата на наградените филмови:

Наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска- Лале“, која се состои од

стипендија што ја доделува Универзитетот за аудиовизуелни уметности

ЕСРА од Скопје

Why? – режија Мурат Жерка

ЗОШТО? е прашањето што го поставува овој филм, а кој со својата

социјална ангажираност успешно му нуди одговор на гледачот. Филмот

одлично го поставува проблемот со загадувањето, денес особено актуелен,

а и нуди успешен приказ на невиноста на децата и наближувањето на

опасноста која се наѕира во мечето што носи гас-маска.

2.Награда за најдобар филм во домашната програма „Млади таленти“

„Рекурзија“ – режија Анастасија Стејси Точевска

„Рекурзија“ е интензивно мистично-филозофско обмислување на

себепостоењето на човекот. Во облик на прашање и одговор, младиот

човек изгубен среде шумата го добива „знаењето“ за себе, за своето

постоење. Авторката успешно ја изведува приказната во мистичен сетинг и

на гледачот му го подарува „знаењето“ што го добиваат само избраните

луѓе.

3.Награда за најинвентивен филм

Sonar/„Сонар“ – група уметници од Филмската академија Баден-

Виртемберг во Лудвигсбург, Германија

Мрачен, инвентивен и оригинален филм.

4.Награда за најоригинална приказна

One, Two, Monologues/„Еден, два, монолози“ – режија Блерина Гоце од

Албанија

Социјално-ангажираниот документаристички пристап на авторката искрено

ја претставува бедата во која живеат цели маргинализирани семејства во

Тирана

5.Награда за најдобра идеја

„Bubbles don’t Lie“/„Меурчињата не лажат“- режија Штепан Етрих од

Чешка

Одлична комедија која со добрата идеја и успешното темпо за

претставување на комичните елементи нема да го остави рамнодушен

гледачот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here