ЕКСПЕРТИТЕ ЗА ПРОГЛАСОТ НА ГРУЕВСКИ – ОПАСНА Е РЕТОРИКАТА ПРОТИВ СТРАНСКИТЕ АМБАСАДОРИ

Не треба да отвораме непријателски фронтови со меѓународната заедница. Потребно е продлабочување на пријателството и соработката со цел продолжување на  евроатланските интеграции, смета директорката на Институтот за европска политика, Малинка Ристевска Јорданова. Коментирајќи  го прогласот на ВМРО-ДПМНЕ против странските амбасадори во Македонија, рече дека оваа остра реторика е опасна и може да предизвика несакани последици за Македонија.

Микал Вит од чешкиот институт Еуропиум, истакна дека Македонија треба сериозно да ја преиспита својата политика, со цел враќање на евроатланскиот пат.

Според Жанета Трајковска од Институтот за комуникациски студии, евроатланските интеграции често се злоупотребуваат за внатрешни политички цели и интереси.

Инаку, овие проценки произлегоа за време на презентацијата на стратегијата за забрзување и олеснување на членството на западен Балкан во ЕУ, чија цел меѓудругото е и заедничко претставување, основање на партнерства и подобрување на регионалната соработка.

Арменд Мурсели

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here