ЗА 21,5 % ЗГОЛЕМЕНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА: НАСТАНИТЕ ВО ТУРЦИЈА НЕ ВЛИЈАЕЈА ВРЗ ЕКОНОМСКИТЕ ОДНОСИ

569
0
АКЦИЈА

Немирите од пред две недели во Турција, не сменија ништо во економските односи меѓу Турција и Македонија. Економските односи се доказ дека настаните во Турција не влијаеле врз меѓусебната соработка. Амбасадорот на Турција во Скопје, Омур Шолендил истакна дека од безбедносен и трговски аспект, состојбата во Турција е стабилна и поволна за водење бизнис.

„За да се спречат таквите активности, турските безбедносни органи ги преземаат сите потребни мерки. Во тој контекст, јас не гледам посебна опасност од нормалните околности за безбедноста на туристите во Турција. За жал, ваквите настани се случуваат и во други европски земји кои, исто така, презедоа безбедносни мерки“, рече Шолендил.

На конференцијата на Стопанската комора на Македонија и Турција, турскиот амбасадор истакна дека од немирите на 15 јули, најголеми последици претрпел туризмот во Турција. Но, како што рече Турција во другите области е доста успешна. Претседателот на оваа стопанска комора, Туна Ејуп Кахвеџи, рече дека трговијата меѓу Македонија и Турција во првите пет месеци во 2016 е зголемена за 21,5 отсто, во споредба со изминатата година.

„Република Турција во 2016 со економски раст од 4,8 отсто е една од 10-те најразвиени земји во светот. Трговскиот обем меѓу Македонија и Турција во првите пет месеци од 2016 е поголем за 21,5 отсто во споредба со 2015 година. Овој обем порасна билатерално, за увоз и извоз за двете земји“, рече Кахвеџи.

Според Кахвеџи, Турција иако има перцепција дека економските активности се ограничени по прогласувањето на вонредната состојба во Турција, сепак таа не влијаела врз секојдневниот живот на граѓаните.  Сите фабрики работат, нема никакви ограничувања при увоз и извоз, вели Кахвеџи.  Од оваа институција им порачаа на македонските компании, да ја продлабочат соработката со турските компании, исто како што било и пред новонастанатата состојба.

Мирадије Хасани

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР