Младински форум: Малцинствата недоволно опфатени во информациите на веб порталите

423
0
АКЦИЈА

Малцинствата ретко се опфатени во прилозите на новите медиуми, во смисла тие лично да бидат земени како извор во веста, додека повеќето од порталите за информирање за малцинствата практикуваат вести од новински агенции или пак пренесуваат соопштенија до јавноста од државни институции.

Ова денеска го истакна Марко Трошановски од „Млади инфо“ на младински форум насловен „Претставување на малцинствата во новите медиуми во Централна и Источна Европа“, поддржан од програмата Европа за граѓаните и Централно-европска иницијатива, при презентирањето на анализата на веб порталите која била спроведена во јуни и јули 2015 година.

– За Македонија карактеристично е што во јуни и јули минатата година доминараат теми кои се однесуваат на малцински политики, односно теми кои го таргетираат албанското малцинство во Македонија и односот на државата кон него. Рангирани беа и теми кои се занимаваат со мигрантите која беше неизбежна од аспект на бегалската криза, истакна Трошановски.

Според него, клучен наод е дека во голем дел албанското малцинство, како и бегалците се третирани од надворешно влијание.

Јоргос Пападакис портпарол на Европска слободна алијанска од Брисел ја нагласи важноста за порталите во однос на информирањето на малцинствата.

– Новите медиуми се многу битен фактор на сегашниот живот, на сите граѓани во Македонија, Балканот и пошироко во Европа. Мора што пообјективно и пошироко да ја информираат јавноста за сите проблеми што ги имаат малцинствата, истакна Пападакис.

Младинскиот форум преставува завршна конференција на двегодишен проект поддржан од програмата Европа за граѓаните, на кој учествуваа 50 млади преставници од 14 држави. На форумот младите во своите излагања го кажаа своето мислење за тоа како порталите ги претставуваат малцинствата, како европските нови медиуми користат стереотипи кога известуваат за мигрантската и бегалската криза и колку проблемите на лицата со телесна или интелектуална попреченост добиваат медиумски простор.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР