Тлото во Албанија не мирува, од 4-ти јули до вчера регистрирани 950 земјотреси!

472
0
АКЦИЈА

Серија земјотреси со помал интензитет се регистрирани во североисточниот дел на Албанија за само неколку часа, по вчерашниот во 17:38 часот кој беше со јачина од 5,1 степен според Рихтер.

Од албанскиот Институтот за сеизмологија, по земјотресот, чиј епицентар беше во близина на градот Булќиза, велат дека биле регистрирани  дури 15 потреси со јачина од два до 3,4 степени.

Првичните информации кои ги соопшти министерството за одбрана на Албанија се дека од земјотресот оштетени се 67 куќи, од нив 47 во општина Булќиза, дел од нив во областа Голо Брдо, 12 во општина Клос и осум во општина Мат. Главно станува збор за испукани ѕидови.

Инаку, од 4 јули кога беше регистриран првиот потрес, во близина на Драч, со јачина од 5,1 степен според Рихтер, во Албанија се регистрирани околу 950 земјотреси.