Шкупи со играч помалку до бод во Кратово против Силекс

369
0
АКЦИЈА

Попладнево се одиграа преостанатите три меча од првото коло од новата сезона во Првата фудбалска лига на Македонија.

Со гол на Баже Илијоски во 70 минута, но и играч помалку, Шкупи избегна пораз на гостувањето кај Силекс во Кратово. Претходно домаќинот поведе со голот на Парфаит во 35-та минута од пенал.  Ермедин Адем во 60-та минута заработи втор жолт картон и исклучување.

Академија Пандев на домашен терен со 2:1 ја совлада Македонија Ѓорче Петров, а со 1:0 Победа ја совлада Беласица. Потсетување на резултатите од вчера, Шкендија – Вардар 2:2 и Работнички – Ренова 3:4.