Евроинтеграциите водат преку Охрид, 17 години од Рамковниот договор

415
0
АКЦИЈА


Патот за членство во НАТО и ЕУ води преку Охрид, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети ден пред 17 годишнината од Охридскиот Договор. Тој не сакаше да зборува за тоа дали договорот е спроведен во целост бидејќи како што рече тоа ќе му одземе многу време. Но, вели дека самото ангажирање на НАТО за Македонија подразбира воспоставување на мир и стабилност во земјата.

17 години по договорот со кој се стави крај на конфликтот во Македонија, лидерот на ДУИ рече дека се уште се прават обиди да се обезбедат финансиски средства за семејствата на загинатите во конфликтот.

 На свеќената академија посветена на еден од потписниците на Охридскиот Договор, Имер Имери, Ахмети зборуваше и за референдумот, но не сакаше да предвидува каков резултат ќе има. Тој рече дека поголемиот дел од граѓаните очекуваат интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, и според него сите овие предности ќе се постигнат доколку успешно се затвори последното поглавје за интеграцијата во НАТО и ЕУ.

Репортер: Зимер Јашари