Со помош на ТИКА се реставрираат три џамии, едни од најстарите во Скопје

613
0
АКЦИЈА


Се реновираат и конзервираат три џамии во Скопје кои се едни од најстарите. На овој процес ќе подлежат комплексот на џамијата “Султан Мурат“, вклучувајќи ја и Саат Кулата, џамијата “Алаџа“ и џамијата “Хусеин Шах“ во Сарај.

Освен “Саат Кулата“, во џамијата “Султан Мурат“ се реновира и покривот. Исто така отстранет е и горниот дел на минарето, кое што по земјотресот од 1963 беше изградено од бетон, додека сега ќе се гради од камења, исто како другиот дел од џамијата.

Надзор врши Националниот центар за конзервација и воедно е носител на дозволата за реставрација. Средствата се обезбедени од Турската Агенција за координација и развој – ТИКА. Според Хаџипецова, Министерството за Култура треба да се залага повеќе во финансирањето на проектите за зачувување на културното наследство. Еден од архитектите вели дека се обидуваат што е можно повеќе да ја зачуваат оригиналноста на објектите.

Зајакнување на ѕидовите се прави и во џамијата Алаџа. Како внатре, така и надвор се менува малтерот на џамијата. Освен главните објекти, во овие три џамии, изградени претежно во 15 век, се прави и реновирање на светилиштата и фонтаните кои што се наоѓаат во дворовите. Реновирањето се очекува да заврши за една година. Од Центарот за конзервација велат дека во иднина се планира интервенција во Теќето Арабати во Тетово како и во џамијата Инчар во Дебар.

Репортер: Бесир Арифи